Управување со лични финасии: План, буџет, инвестиции
Управувањето со личните финансии не е само прашање на математика – тоа е прашање на навики, уверувања и лични избори.
-
Времетраење
8 сесии
-
Часови
Еднаш неделно по 2 часа
-
Почеток
15 октомври 2025 година
-
Одржување
Интерактивни предавања, вежби и дискусии
Онлајн преку Zoom -
Цена
12.000 денари, со 10% попуст за пријава на два и повеќе учесници од иста организација.
Информации за Обуката Управување со лични финасии: План, буџет, инвестиции
Дали понекогаш се чувствуваш под стрес кога размислуваш за пари? Дали сакаш да штедиш, но не знаеш од каде да започнеш? Управувањето со личните финансии не е само прашање на математика – тоа е прашање на навики, уверувања и лични избори.
Оваа обука ќе ти помогне да ја разбереш својата финансиска психологија, да поставиш остварливи цели, да ги идентификуваш главните одлевања на пари и да изградиш одржлив систем на штедење, буџетирање и инвестирање. Со практични техники и реални примери, ова е твојата можност да го преземеш управувањето со сопствената финансиска иднина.
Што ќе научиш?
- Како твоите уверувања и емоции влијаат на односот со парите
- Како да поставиш финансиски цели што се реални и остварливи
- Техники на буџетирање, мапирање трошоци и планирање
- Како да штедиш без да се чувствуваш лишен
- Разлики меѓу активен и пасивен приход и како да ги зголемиш
- Како да ги препознаеш и менаџираш долговите
- Основи на инвестирање за почетници
- Како да креираш и прилагодуваш личен финансиски план
- По завршувањето на обуката, учесниците добиваат сертификат за успешно завршена програма за лични финансии
За кого е наменета обуката?
- Поединци кои сакаат да научат како да управуваат со своите приходи и трошоци
- Млади луѓе кои штотуку започнуваат самостоен живот
- Родители кои сакаат да го подобрат семејниот буџет
- Самовработени и фриленсери со променливи месечни приходи
- Лица кои сакаат да се ослободат од долгови или да започнат со инвестирање
- Секој кој чувствува дека парите владеат со него, наместо обратно
Структура на програмата
Разбирање на финансиската психологија
Клучни теми: уверувања, емоции, навики, културни влијанија.
Како да ги претвориме желбите во план
Клучни теми: SMART цели, визуелизација, поврзување цели со месечен буџет.
Техники што создаваат контрола и стабилност
Клучни теми: мапирање трошоци, методи на буџетирање, менталитет на штедење.
Како да го зголемиме финансискиот проток
Клучни теми: типови на приходи, фриленс и хонорарни можности, дополнителни извори на приход.
Стратегии за намалување и исплата на долгови
Клучни теми: Видови долгови и техники за исплата.
Основи на инвестирање за секого
Клучни теми: видови инвестиции, разлика меѓу нив, и како да се донесе одлука пред инвестирање
Финансиски план што расте со тебе
Клучни теми: месечна проверка, финансиски дневник, адаптација на план во согласност со животни промени.
Предавач:
Сања Трајкоски – Сметководител и Финансиски Едукатор
Сања Трајкоски е сертифициран сметководител и финансиски едукатор со меѓународно искуство, која живее и работи во Даблин, Република Ирска. Со долгогодишно искуство во областа на финансиите и финансиската едукација, таа ги гледа финансиите не само како бројки, туку како моќна алатка за градење стабилна и осмислена иднина. Низ нејзиното професионално патување, таа изгради здрав однос со парите и сега активно го споделува своето знаење и перспектива, инспирирајќи ги другите да ги искористат финансиите за да ги остварат своите соништа.
Зошто да се пријавиш?
- Ќе ги разбереш твоите финансиски навики и ќе можеш свесно да ги менуваш
- Ќе имаш алатки за да планираш, штедиш и инвестираш
- Ќе можеш да креираш буџет кој соодветствува на твојот животен стил
- Ќе ја зацврстиш твојата финансиска сигурност и самодоверба
- Ќе изградиш навики што ќе ти користат цел живот
Бројот на учесници е ограничен.
Пријави се навреме и обезбеди си место на една од најбараните обуки во оваа област.
Контактирај нѐ на 078 391 978 или испрати ни е-пошта на contact@javen.mk