Со задоволство најавуваме уште една учебна година исполнета со многу учење заедно со средношколците од СОТУ „Ѓорги Наумов“ – Битола кои и оваа година го започнаа своето практично образование во рамките на нашата компанија. За време на ова извонредно искуство, тие ќе стекнуваат вредни знаења и ќе ги усовршат своите вештини во областа на програмирањето. Посветени сме на обезбедување целосна поддршка на учениците, постојано придонесувајќи за нивниот личен и образовен раст.