Јавен Адвертајзинг

Inhouse обука за медијација

  • Број на часови

    22 академски часа (теоретска и практична настава)

  • Времетраење

    3 дена

  • Формат

    Интензивна обука која вклучува интерактивни вежби, практични демонстрации, презентации на едукативни филмови и видеа, како и игра на улоги со реални ситуации

  • Начин на одржување

    Физичко присуство

  • Јазик

    Англиски, германски и бугарски (со македонска и српска поддршка)

  • Организатори

    Пингала Консулт Скопје и ПИОРСИС Софија

  • Контакт

    078 33 43 73, info@pingalaconsult.com

Информации за inhouse обуката за медијација

Медијацијата е алтернативен метод за решавање на спорови кој им овозможува на страните во конфликт да најдат заемно прифатливо решение со помош на неутрален и независен посредник – медијатор. Таа се заснова на принципи на доброволност, доверливост, еднаквост на страните и нивна активна вклученост во процесот.

Медијацијата не е само процес, туку и вештина која го збогатува секојдневието на човекот. Таа претставува способност да се слуша активно, да се комуницира јасно и ненасилно, да се препознаваат интересите зад позициите и да се бараат заеднички решенија дури и во најтешките ситуации.

Брошура и наставна програма

Оваа вештина е применлива во различни контексти – од семејни и лични односи, преку работна средина и деловни соработки, до образовни институции, јавни организации и меѓукултурни ситуации. Таму каде што постои конфликт или недоразбирање, медијацијата отвора врата кон конструктивен дијалог и одржливи договори. Медијацијата исто така го менува начинот на кој ја перцепираме реалноста и луѓето околу нас. Наместо конфликтот да се гледа како закана или борба, тој се препознава како можност за раст, за учење и за создавање нови патишта на разбирање. Вештината на медијација го поттикнува развојот на емпатија, трпение и почит, трансформирајќи ја комуникацијата и односите на позитивен и траен начин. Помага да ги сведете до минимум или да ги отстраните конфликтите од вашиот живот, а уште повеќе – да ги претворите конфликтите во можности за личен раст. Да го доразвивате вашиот емоционален интелект и таков воспоставувате и кај другите. Медијаторите се обучуваат да не ја блокираат идејата, да управуваат со егото на страните, да го „омекнат“ во име на истражување на проблемите и создавање заедничка платформа каде интересите се среќаваат.

За кого е наменета и каде е сè применлива?


Обука за медијација е отворена за сите кои сакаат да стекнат практични вештини за конструктивно решавање на конфликти и градење подобри односи – без разлика на професијата или образованието. Не е потребно да бидете правник за да користите медијациски вештини. Медијаторските техники помагаат и при водењето на преговори и воопшто во комуникацијата. Тие придонесуваат за совладување и управување со сопствените и туѓите емоции. Медијацијата ги надградува вашите способности и може да ве направи подобар специјалист.

Програмата е особено корисна за професионалци кои секојдневно работат со луѓе: менаџери, претприемачи, лидери на тимови, психолози, педагози, социјални работници, наставници, претставници на невладини организации, службеници во јавната администрација, но и за сите што сакаат да ги подобрат своите комуникациски и преговарачки способности.

Обуката е наменета и за поединци кои сакаат личен развој – за подобрување на семејните односи, надминување на лични или професионални предизвици и за стекнување сигурност при носење одлуки во ситуации на несогласување.

Со други зборови – медијацијата е за секого што сака да научи како конфликтите да се претворат во можност за дијалог, разбирање и нови решенија.

Методологија и форма на обуката


Интензивна и динамична програма која комбинира теоретска
основа со практични активности, вклучително интерактивни
вежби, практични демонстрации, презентации на едукативни
филмови и видеа, како и игра на улоги со реални ситуации.

Меѓународните експерти ќе го водат процесот на обука
прилагодувајќи ги темите на реални сценарија и примери на
учесниците, со цел секој да може ефективно да ги развие и
примени стекнатите вештини.

Придобивки и вештини од обуката


Стекнатите вештини од обуката за медијација се директно применливи во секојдневниот живот и професионалната средина. Тие овозможуваат поефективно решавање на конфликти, подобрување на комуникацијата и градење здрави и продуктивни односи, како на личен така и на професионален план.

Придобивки:


Подобрување на комуникацијата – учесниците учат како
појасно и поефективно да се изразуваат и да слушаат
активно.
Решавање конфликти – стекнување алатки за конструктивно управување со спорови и нивно претворање во можности. Го користите конфликтот така што го модифицирате за својот личен раст и за раст на другите.
Градење доверба – медијаторот учи како да создава неутрална и безбедна средина за сите страни.
Зголемена емоционална интелигенција – развивање чувствителност за емоциите и потребите на другите.
Подобри преговарачки способности – учење техники за постигнување win-win решенија.
Применливост во различни области – во бизнис, семејство, образование, организациска култура и меѓународни односи.

Вештини кои се развиват:

 

Активно слушање и препознавање на скриени интереси
Неутралност и непристрасност во однесувањето
Поставување прашања кои ја насочуваат дискусијата
Рефлексија и парафразирање за да се потврди разбирањето
Управување со емоции (сопствени и на странките)
Модерирање на разговор и водење процес
Креативно решавање проблеми и градење опции
Донесување договори кои се правично прифатени од сите страни


Обуката е корисна и ако не планирате формално да станете
медијатор – затоа што вештините директно ја подобруваат
секојдневната комуникација и професионалното работење.

Што добивате?


– Врвни меѓународни предавачи кои се меѓу првите
акредитирани обучувачи за медијација во ЕУ, со бројни
успешно завршени медијациски процеси, меѓу кои и
политичка медијација во Централна Азија
– Учебни помагала и едукативни материјали (англиски и
македонски јазик)
– Следење на обуката со физичко присуство во современи
предавални опремени со најнова технологија
– Бројни дополнителни поволности за други едукации,
настани и можности за вмрежување
– Интерактивни вежби, практични демонстрации,
презентации на едукативни филмови и видеа, како и игра
на улоги со реални ситуации
– Два сертификат за неформално образование за присуство
од Универзитетот Скопје на македонски јазиј и ПИОРСИС
Софија на англиски јазик
– Стекнување вештини кои се веднаш применливи во
професионалниот и приватниот живот
– Можност за регистрација во регистерот за медијатори во
Република Бугарија

Организациски партнер

Експертски партнер

ПИОРСИС - Експертски партнер

Правниот институт за обука и решавање
на спорови надвор од судот – ПИОРСИС,
е основан во 2008 година како
невладина, непрофитна организација со
седиште во Софија и Смолјан.
Институтот е акредитиран од Министерството за правда на
Република Бугарија како официјален обучувачки центар за
медијација и од тогаш успешно организира обуки, семинари и
сертифицирани програми за медијатори.

ПИОРСИС - Експертски партнер

ПИОРСИС е еден од првите обучувачки центри за медијација во Европската Унија и има долгогодишна историја на развој и
промоција на алтернативното решавање на спорови.
Институтот ги произведе првите едукативни документарни
филмови за медијација во сопствено филмско студио,
емитувани на националната телевизија, како и првите вакви филмови по нарачка на Американската асоцијација на
правници.

Освен стандардните курсеви за медијатори, ПИОРСИС
спроведува специјализирани обуки и реални медијации во
различни видови спорови: комерцијални, семејни, наследни,
потрошувачки, спорови поврзани со авторски права,
јавно-приватни партнерства, имотно-правни спорови, спорови
во училишта, спорови со и меѓу општините, како и многу други.

Во своето работење, институтот обучил илјадници медијатори од различни професионални и социјални сфери. ПИОРСИС има долгогодишно искуство во меѓународни проекти, вклучително поддршка на процеси за мир во Централна Азија и посредување во меѓуетнички и меѓукултурни конфликти, како на пример решавањето на спорот со бугарските лекари во Либија.

Главната цел на ПИОРСИС е да ја промовира медијацијата и алтернативното решавање на спорови преку обуки, предавања, презентации и практична примена, со цел зголемување на правната свест, меѓукултурната комуникација и развојот на вештини за конструктивно решавање на конфликти. Институтот обучил елитни медијатори од сите сфери на животот – адвокати, судии, економисти, сметководители, наставници, психолози, бизнисмени и родители, како и младински организации и јавни службеници.

ПИОРСИС нуди и сертифицирана програма за обука по медијација за високообразовни институции, со два основни модули – „Вовед во медијацијата“ и „Специјализирани медијации“, кои се базирани на примерот на Универзитетот Харвард и водечкиот американски модел за медијација. Курсот е интерактивен и се води од искусни медијатори, вклучително судии, адвокати и млади специјалисти со искуство од меѓународни проекти и реални медијации.

Атанас Мусорлиев

Ко-оснoвач и претседател на фондацијата ПИОРСИС, медијатор, впишан во регистарот на медијатори при Министерството за правда на Република Бугарија, лиценциран обучувач по медијација со значително, повеќедецениско искуство.

Во 1991 година, Атанас Мусорлиев е избран на прво место од над 100 кандидати на првиот демократски конкурс за судии, одобрен од Народното собрание на Република Бугарија по неколку кругови. Судија со над 14 години искуство и претседател на одделение во Софискиот градски суд. Го напушта судот по свое лично барање, поради несогласување со низа настани во судскиот систем. Во следните 15 години работи како адвокат. Член-комесар во Комисијата за заштита од дискриминација (2013 – 2018). Постар правен советник во Бугарска национална радио-телевизија. Во последните години работи како правен консултант во големи меѓународни спорови. Владее совршено англиски и руски јазик и одлично чешки.

д-р Марија Мусорлиева

Извршен директор на ПИОРСИС, адвокат од 1992 година, автор на првата и единствена до сега дисертација на тема „Комуникациски модел на медијацијата пред, за време и по политички избори и нивното информирање“, универзитетски предавач, автор на книги и активен медијатор.

Марија Мусорлиева е најдолгогодишниот заменик-претседател на Централната изборна комисија (ЦИК) – до 2019 година.

Како дипломиран филмски режисер од Национална академија за театар и филмска уметност, таа направи едни од првите едукативни документарни филмови за медијација, емитувани на Бугарска национална радио-телевизија.

Активен и исклучително инспиративен говорник на бројни национални и меѓународни конференции и настани за медијација, на кои зборува за медијацијата како начин страните да ја пронајдат платформата каде што можат да ги „откријат“ заедничките вредности и страните да се разберат меѓусебно и, доколку е можно, да се „прегрнат“ (да се ракуваат).

Наставна програма

Претставување на учесниците и на ПИОРСИС

– Цели, програма, материјали
– Правила за групна работа

Конфликт

– Теорија, интерактивна вежба
– Стилови за решавање конфликти

Игра на улоги

– Комуникација
– Различни видови вредности
ЕДУКАТИВЕН ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМ – ДЕМОНСТРАЦИЈА

Игра на улоги

– Консензус
– Меѓународно искуство

Алтернативни методи за решавање на спорови (АРС)

– Видови, Разлики

Медијација – АРС

– Суштина, Принципи, Предности
ЕДУКАТИВЕН ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМ – ДЕМОНСТРАЦИЈА
– Дискусија

Медијатор

– Улога, Функции, Фази на посредување

Игра на улоги

– Разгледување

Техники што ги користи медијаторот: Игра на улоги 2

– Разгледување
– Чувства на медијаторот
– Чувства на страните

Игра на улоги 3

– Разгледување
– Чувства на медијаторот
– Чувства на страните

Улога на медијаторот, фази на посредување

– Генерирање можности за носење одлуки
– Надминување на ситуација „ќор-сокак“
– Спогодби
– Упатување на спорови по висечки предмети кон медијација

ДОДЕЛУВАЊЕ НА СЕРТИФИКАТИ

Scroll to Top