Академија за усогласеност со прописи
-
Број на часови
76 часа (теоретска и практична настава)
-
Термини
Понеделник и среда
-
Времетраење
3 месеци
-
Формат
Хибридно
-
Локација
Универзитет Скопје или Google meet
-
Организатори
Универзитет Скопје и Пингала Консулт
-
Раководител
м-р Ирена Бачановиќ Каракашев
-
Цена
780€ (15% попуст на втор учесник)
Информации за академијата за усогласеност со прописи
УСОГЛАСЕНОСТ СО ПРОПИСИ значи почитување на сите закони, регулативи и стандарди што се применуваат на работењето на една организација. Усогласеноста е клучна за долгорочен успех и доверба на пазарот.
Во современото динамично деловно и институционално
опкружување, усогласеноста со прописите не е само законска
обврска – таа е клучна основа за доверба, стабилност и
одржлив успех. Компаниите и организациите кои систематски
ги почитуваат релевантните закони и регулативи го зајакнуваат својот интегритет, ја минимизираат изложеноста на ризици и ја градат својата репутација како сигурни партнери за вработените, клиентите и инвеститорите.
За кого е наменета?
➔ Членови на тимот за усогласеност со прописите во корпорации, компании и институции кои имаат имплементирано Систем за усогласеност со прописите
➔ Компании, институции и организации кои планираат да имплементираат систем за усогласеност со прописите
➔ Компании кои ги пласираат или планираат да ги пласираат своите производи и услуги на странски пазари
➔ Правници и адвокатски друштва и канцеларии кои даваат услуги на своите клиенти за усогласенот со прописите
➔ Компании кои имаат или планираат да бараат странски и домашни инвеститори за нивните компании или проекти
➔ Професионалци во усогласеност, правници, правни стручњаци, консултанти и други лица кои сакаат подетално да навлезат во темата на Усогласеност со прописите
➔ Компании или професионалци кои подготвуваат софтверски решенија од областа на Усогласеност со прописите, етика и интегритет
Методологија на предавање
Иако секоја тематска област на деловна усогласеност со прописите може да претставува специјализирана тематска едукација, целта е да им се понуди на учесниците општа програма за знаења за усогласеноста со прописите, која ќе ги опфати најважните аспекти на функцијата на усогласеност со прописи, но и ќе го објасни нејзиното постоење и проширување.
Во идниот период ќе бидат понудени дополнителни модули кои ќе опфатат подетална обработка на одредени тематски единици, како и специјализиран пристап зависно од секторот на делување.
Академијата ќе се одвива на интерактивно ниво со предавања
со презентации, практични примери и студии на случај
релевантни за целната група.
Програмата вклучува
➔ предавања
➔ тематски работилници
➔ анализа на случаи
Што добивате?
➔ Врвни предавачи со искуство од повеќе од 15 години
➔ Учебни помагала
➔ Следење на обуката со физичко присуство во современи предавални опремени со најнова технологија
➔ Можност за следење онлајн
➔ Можност за плаќање на рати
➔ Бројни дополнителни поволности за други едукации и настани
➔ Практична работа со анализа на случаи, како и практични примери и вежби
➔ Дополнителен попуст за двајца и повеќе учесници од иста организација
➔ Сертификат за неформално образование за присуство и положен завршен испит од Универзитетот Скопје
Придобивки за тебе
➔ Зголемена вработливост: Посебно во високорегулираните сектори како банкарство, здравство, ИТ, телекомуникации, фармација, осигурување, јавен сектор
➔ Унапредување на кариерата: Можеш да се позиционираш како compliance officer, лице за контрола на усогласеноста на работењето со прописите, или консултант специјалист во оваа област со можност за надворешно давање на функцијата на усогласеност со прописите
➔ Подобро разбирање на законите и регулативите: Корисно и ако си на раководна функција или имаш свој бизнис
➔ Сигурност при одлучувањето: Ќе знаеш да управуваш со ризиците од усогласеност на прописите и да носиш информирани одлуки
➔ Меѓународна применливост: Разбирање на меѓународниот контекст за усогласување со регулативата и регулаторното опкружување во различни јурисдикции
Што ќе научиш?
Ако посетуваш Академија за усогласеност со прописи, ќе научиш како организациите се усогласуваат со законите, регулативите и интерните акти и процедури за да избегнат правни, финансиски и репутациски последици.
➔ Појава и основи на регулаторна усогласеност
➔ Што е усогласеност со прописи и зошто е посебно важна оваа функција за организациите како контролна функција во рамки на доброто корпоративно управување (применливо за различни индустрии)
➔ Меѓународни и национални регулативи, како и добра пракса (ISO стандарди и сл.)
➔ Ризици поврзани со функцијата на усогласеност со прописите: заштита на личните податоци (GDPR), спречување перење пари (Anti-Money Laundering), меѓународни акти од областа на управување со ризици од корупција и поткуп (Foreign Corrupt Practices Act), ISO стандарди, локална регулатива
➔ Процеси и алатки кои можат да помогнат во успешна имплементација на функцијата за усогласеност со прописите
➔ Како се развиваат и имплементираат програми за усогласеност со прописи, следење и ревизија
➔ Идентификација и проценка на регулаторни ризици, управување со судир на интереси, системи за укажувачи (whistleblowing) и сл.
➔ Извештаи, ревизии и инспекции
➔ Подготовка за регулаторни контролни прегледи и извештаи кон надлежни тела
➔ Како се обучуваат вработените и како се гради организациска култура на усогласеност
➔ Потребата и улогата на Compliance функцијата во јавниот сектор
➔ Етика и интегритет
➔ Однос на Compliance функцијата со другите функции во рамки на линиите за одбрана (прва, втора и трета линија на одбрана), со посебен осврт на соработката со внатрешна ревизија
Наставна програма
Усогласеноста е еден од бизнис принципите и стратешките цели во деловното работење, како контролна функција во рамките на добра структура на корпоративно управување. Како втора линија на одбрана во организациониот дел на системот на внатрешна контрола, одговорна за идентификација и следење на ризиците што произлегуваат како резултат на неусогласено работење, е препознаена како неопходен предуслов за одржливо и успешно работење на деловните субјекти и напредокот на општеството во целина. Во компаративната практика, деловната етика и промоцијата на интегритет, култура и усогласеност со деловното работење претставуваат не само дел од регулаторната стратегија на институциите од јавната администрација и приватните субјекти, туку и нова димензија
за други институции (обвинителства и судови) во борбата против економскиот криминал.
Во современи услови, усогласеното работење вклучува различни аспекти на одговорно работење, како што се: транспарентност во работењето, заштита на потрошувачите, превенција на корупција, превенција на судир на интереси, заштита на лични податоци, спречување на перење пари итн.
Исто така, усогласеноста е клучна за соодветно управување со ризици во нови области како што се ESG (Животна средина, Општество и Управување), дигитализација на бизнисот, употреба на блокчејн технологија итн. Функцијата за усогласеност се занимава со овие теми преку методологија и различни активности кои треба да овозможат навремена идентификација на ризици што произлегуваат во работењето на деловниот субјект, нивно елиминирање или сведување на прифатливо ниво за правното лице/институција. Главната задача на контролна функција за усогласеност е да ги спречи негативните ефекти врз компанијата, во поглед на нејзината репутација, деловни резултати и административни казни, но и да ги заштити интересите на поединци (корисници на добра и услуги).
Бидејќи специјализираното образование и обука за усогласеноста со прописите се ограничени во нашата земја, Универзитетот Скопје и Пингала Консулт ја препознаа потребата да Академија на тема усогласеност за јавниот и приватниот сектор.
– Како започна?
– Важноста на усогласеност со прописите за организацискиот интегритет и одржливоста
– Основни принципи и правни импликации од неусогласеност за правното лице
– Преглед на глобалните регулаторни рамки (меѓународни и ЕУ)
– Улогата на раководството во промовирање на културата на усогласеност
Воспоставување на систем за управување со усогласеност со прописите
Системот за управување со усогласеност со прописите претставува структуриран систем кој осигурува дека организацијата ги почитува релевантните закони, регулативи и внатрешни политики. Тој е клучен за идентификација, управување и намалување на ризиците од неусогласеност.
Развој на рамка
– Цели и опсег според законските и регулаторни барања
– Општи регулативи: (еколошки регулативи – ESG; заштита на податоци – GDPR; здравје и безбедност и сл.)
– Регулативи специфични за индустрии: финансии, здравство, производство
– Стандарди како што се ISO сертификации и најдобри практики од индустријата
Области и ризици кои ги покрива усогласеноста со прописите
– Судир на интереси (подароци и гостопримство, спонзорства, лобирање, неспојливост со други функции)
– Измама, спречување на корупција, спречување на поткуп и стандарди за фер конкуренција
– Управување со трети страни
– Заштита и доверливост на податоци
– Претходна проверка на клиент (санкциски листи, негативни медиуми итн.)
– Заштита на укажувачи
– Информациска безбедност, план за континуитет во работењето, сајбер безбедност
– Поттикнување на етичко одлучување и однесување (етика и кодекс на однесување
Креирање на Политики
– Изработка на основни документи за усогласеност со прописи: Политика за усогласеност, Етика и Кодекс на однесување, Политика за интегритет
– Поставување процедури за справување со ризици: корупција, заштита на податоци, судир на интереси
Улоги и Одговорности
– Назначување на офицер за усогласеност со прописи или тим за следење на усогласеноста со прописите
– Интеграција на усогласеноста со пропсите во управувачката структура како втора линија на одбрана
– Улогата на функцијата за усогласеност со пропси како контролна функција во рамките на доброто корпоративно управување
– Справување со комплексни активности и разлики во меѓународни операции
Проценка на ризик
– Идентификација на ризиците од неусогласеност со прописите користејќи методологија како што е матрица на ризик за идентификација, проценка и ублажување на ризиците поврзани со усогласеност со прописите и интегритет
– Спроведување внатрешни контроли и механизми за ревизија
– Ефикасно справување со прекршувања
Имплементација
– Вградување на барањата од усогласеност со прописите во секојдневното работење
– Обука на вработените за политики и етичко одлучување
Следење и Ревизија
– Редовни ревизии за проценка на ефективноста на системот (тестирање и следење на разбирање преку проценки и проверки на перформансите)
– Употреба на евалуации и повратни информации за континуирано подобрување
Механизми за известување
– Воспоставување на јасни канали за внатрешно известување, вклучувајќи заштита за укажувачите
– Осигурување транспарентност во известувањата кон чинителите (засегнатите страни)
Комуникација со чинителите (засегнатите страни)
– Кои се чинители (засегнатите страни)? Вработени, клиенти, инвеститори, добавувачи и регулаторни тела
– Цел: Градење на взаемно разбирање за обврските за усогласеност со прописите, политиките и етичкитете стандарди поттикнува култура на одговорност и транспарентност
– Алатки и техники: Редовните ажурирања преку извештаи, билтени и обуки помагаат во ангажирање на засегнатите страни. Користење на дигитални алатки како што се таблите за усогласеност со прописите обезбедува брз пристап до релевантни информации
Соработка со надлежни органи
– Зошто е важно? Соработката со надлежните органи олеснува усогласеност со правните рамки и ја зајакнува довербата со регулаторите. Таа обезбедува полесни ревизорски процеси и го забрзува решавањето на конфликти
– Регулаторни барања и пристапи: Организациите треба да одржуваат проактивна комуникација, да пријавуваат прекршувања или загрижености доброволно, да ги доставуваат побараните документи навремено и да поттикнуваат отворен дијалог за новите регулативи.
– Градење на односи: Развивањето на професионални партнерства со властите врз основа на почит и одговорност го минимизира несогласувањето и ја зголемува кредибилноста.
Практични примери
– Како да се воспостави и имплементира Систем за Управување со Усогласеност со прописи
– Како да се креираат внатрешни акти и постапки во областа на Усогласеност со прописи
– Како да се подготви добра регулаторна мапа?
– Како да се подготви методологија за проценка на ризик во усогласеност?
Предавач: м-р Ирена Бачановиќ Каракашев
Ирена Бачановиќ Каракашев, е професионалец, диплом.правник, со двоја магистерска диплома – магистер по бизнис и администрација од Економскиот факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методија” Македонија, и магистер во областа на правото и економијата на престижната магистерска програма ЕРАЗМУС (Универзитетот во Хамбург, Универзитетот во Болоња и Универзитетот Пол Сезан, Марсеј III). Со повеќе од петнаесет години искуство во банкарството во делот на функцијата за управување со усогласеноста (compliance function), таа е меѓународно сертифициран експерт за усогласеност специјализиран за регулаторна усогласеност, дигитализација, ESG и зелени иницијативи за одржливост, корпоративно управување, етика и интегритет, како и заштита на правата на потрошувачите и човекови права. Нејзината експертиза како обучувач опфаќа теми од областа на регулаторната усогласеност, заштита на личните податоци, етика, интегритет и корпоративно управување, едуцирајќи ги учесниците со основни и напредни вештини за делување на сложени регулаторни пазари и во различни индустрии. Во улога на претставник на финансиска институција, Ирена е поранешен член на стручни тела (Правна комисија, АМЛ и Compliance комисија и Комисија за информативна сигурност и заштита на личните податоци) во рамки на Македонската банкарска асоцијација (поранешно Здружение на банкарство во рамки на Стопнаската комора на Македонија) и активен промотор на функцијата за усогласеност како значајна контролна функција во доброто корпоративно управување. Обучувач за ISO стандарди за управување со усогласеност, антикорупција и поткуп, како и правни аспекти во поглед на безбедноста на информациите и заштитата на личните податоци. Активен член на Техничкиот комитет 9 за управување со квалитет, животна средина и ризици како дел од Институтот за сертификација на Македонија (набљудувач во меѓународното тело за изготвување на ISO стандарди во оваа област). Експертиза во управување со проекти финансирани од меѓународни организации.
Предавач: д-р Пане Илиев
Д-р Пане Илиев е истакнат експерт во областа на претприемништво, внатрешна ревизија, лидерство, комуникации, управување со ризици и усогласеност со прописи, со долгогодишно професионално и академско искуство. Роден е на 9 декември 1979 година во Неготино, а живее и работи во Скопје. Високото образование го стекнува на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде дипломира на Економскиот факултет, а магистрира и докторира во областа менаџмент, организација и претприемништво на Економски институт – Скопје при УКИМ. Професионалната кариера на д-р Илиев се карактеризира со континуиран развој и стекнување значајно искуство во областа на внатрешната ревизија, финансии и управување со ризици. Во моментов ја извршува функцијата Главен извршен ревизор во СТХ ДОО Скопје. Претходно бил ангажиран како искусен ревизор во ПроКредит Банка АД Скопје, менаџер за внатрешна ревизија во Реплек АД Скопје и раководител на внатрешна ревизија во Тиго Фајнанс ДООЕЛ Скопје. Значаен дел од својата кариера го има поминато во Комерцијална банка АД Скопје, каде повеќе години работел како самостоен ревизор во Дирекцијата за внатрешна ревизија, како и на позиции во областа на финансии. Покрај професионалниот ангажман, д-р Илиев активно бил вклучен и во академската заедница како доцент на Меѓународниот славјански универзитет. Воедно, тој е долгогодишен предавач и обучувач, со значајно искуство во реализација на бројни стручни обуки, семинари и едукативни програми од областа на внатрешна ревизија, претприемништво, лидерство, комуникации и усогласеност со прописи. Особено се истакнува како предавач со висок степен на стручност и практична применливост на знаењето, при што посветува посебен акцент на темите поврзани со кодексите на етика, професионалниот интегритет и организациската култура. Неговиот интерес во овие области е директно поврзан со современите барања за усогласеност со прописи, каде етичкото однесување, транспарентноста и одговорноста претставуваат клучни елементи за воспоставување ефективни системи за усогласеност, управување со ризици и добро корпоративно управување. Неговиот професионален ангажман е надополнет со активно учество во релевантни стручни организации. Тој е член на Институтот на внатрешни ревизори на Северна Македонија, каде во периодот 2020–2023 година бил член на Управниот одбор. Дополнително, поседува меѓународна професионална сертификација Certified Credit Analyst (CCA), како и континуирано вложува во својата професионална надградба.
Организатори:
За повеќе информации контактирајте не:
ekaterina@pingalaconsult.com
078 33 43 73
www.pingalaconsult.com