Обука за Oбучувач на возрасни
-
Времетраење
1 месец
-
Распоред
2 пати неделно
-
Траење на часот
4 наставни часа по 45 минути
-
Начин на реализација
Во училница и онлајн
-
Сертификат
Државен сертификат од Центарот за образование на возрасни (ЦОВ)
-
Промотивна цена
12.000 денари
Информации за Обуката:
Програмата „Обучувач на возрасни“ е наменета за лицата вклучени во образовниот процес кои сакаат да стекнат знаења и компетенции за квалитетно планирање, подготовка и реализација на обуки.
Поседувањето соодветни компетенции за обучувач на возрасни е важно за лицата кои учествуваат во спроведувањето на програми за образование и обука на возрасни. Преку теоретска и практична настава, учесниците ќе се стекнат со знаења за современи наставни методи, планирање на процесот на учење, оценување на постигнувањата и ефективна комуникација со учесниците.
Што се изучува:
- Планирање и реализација на обуки за возрасни.
- Примена на современи наставни методи и техники.
- Дефинирање резултати од учење.
- Проверување и оценување на постигнувањата.
- Комуникација, мотивација и водење групни активности.
Предности:
- Професионални компетенции – Научете успешно да планирате и реализирате обуки за возрасни.
- Современи методи на учење – Совладајте интерактивни техники за поефективно пренесување на знаењето.
- Комуникациски вештини – Подобрете ја комуникацијата, мотивацијата и работата со групи.
- Професионален развој – Отворете нови можности за работа во образованието и обуките за возрасни.
- Државен сертификат – Стекнете сертификат од Центарот за образование на возрасните (ЦОВ) по успешно завршување на програмата и исполнување на условите.
Што друго добивате од оваа обука?
Ако сте вклучени во неформалното образование и реализирате обуки, програмата „Обучувач на возрасни“ ви овозможува да ги стекнете потребните андрагошки, методолошки и практични компетенции за квалитетно спроведување на образовниот процес.
По успешно завршување на програмата и исполнување на условите за оценување, се стекнувате со сертификат за обучувач на возрасни, согласно верификуваната програма на Центарот за образование на возрасните (ЦОВ).
Инвестирајте во својата професионална надградба и стекнете компетенции за обучувач на возрасни!
Учесниците на Обука имаат ексклузивен пристап до заедницата на предавачи и учесници, каде што сите заедно ќе разменувате знаења и информации и секогаш ќе бидете во тек со новостите од областа што сте ги научиле