Јавен Адвертајзинг

Академија за Дата аналитика

Процес на анализирање на податоци за да се извлечат корисни информации и да се направат информирани и правилни  одлуки

  • Времетраење

    5 месеци

  • Часови

    2 пати неделно по 2 часа од 45 мин.

  • Почеток

    1ви Септември 2024 година

  • Одржување

    Битола или онлајн

  • Цена

    50.000 денари, плаќањето може да биде на 5 месечни рати по 10.000 денари. За целосна уплата, цената на обуката е со 25% попуст.

Информации за
Академија за Дата аналитика

Оваа област се однесува на процесот на анализирање на податоци за да се извлечат корисни информации и да се направат информирани и правилни  одлуки.

 Програмата на академијата вклучува различни аспекти на дата аналитиката, како што се статистика, машинско учење, анализа на податоци, програмирање и визуелизација на податоци.

 

Академијата за Дата аналитика вклучува:

  1. Вовед во Дата Аналитика
  • Основи на дата аналитиката
  • Значење на анализа на податоци во модерната бизнис околина
  1. Статистички Анализи
  • Основи на статистика
  • Интерпретација на статистички податоци
  • Користење на статистички софтвер за анализа
  1. Програмирање за Дата Аналитика
  • Вовед во програмирање (Python)
  • Манипулација на податоци со програмирање
  • Креирање на функции и алгоритми за анализа на податоци
  1. Машинско Учење
  • Основи на машинско учење
  • Супервизирано и несупервизирано учење
  • Примени на машинско учење во дата аналитиката
  1. Анализа на Податоци
  • Визуелизација на податоци
  • Интерпретација на резултатите од анализата
  • Користење на алатки за анализа на податоци
  1. Проектна Работа
  • Имплементација на дата аналитички проект
  • Примена на наученото во реални сценарии
  • Претставување на проектната работа пред наставниците и колегите

Технологии кои ќе се изучуваат:

  • MySQL
  • Postgresql
  • MongoDB
  • JSON
  • XML
  • AutoML
  • Power BI
  • Python

Што друго се добива од оваа Академија?

Во текот на целата Академија, студентите работат на голем број на практични проекти кои им помагаат да ги совладаат нивните вештини. Работата на реални практични проекти им помага на студентите веднаш после завршувањето на Академијата брзо и лесно да се прилагодат на нова работна позиција.
Со оваа Академија академијата вклучува различни аспекти на дата аналитиката, како што се статистика, машинско учење, анализа на податоци, програмирање и визуелизација на податоци. 

Академијата е наменета за сите возрасти и не се потребни никакви предзнаења.

После завршувањето на Академијата добивате сертификат кој е валиден во земјата и во странство.

Учесниците на Академијата имаат ексклузивен пристап до заедницата на предавачи и учесници, каде што сите заедно ќе разменувате знаења и информации и секогаш ќе бидете во тек со новостите од областа што сте ги научиле

Scroll to Top