Јавен Адвертајзинг

Школа за емоции и супер вештини за деца

Развивај емоции, гради самодоверба и совладај ги вештините за живот!

  • Времетраење

    4 месеци – Прво ниво

  • Групи

    4 – 5 деца во група

  • Термини

    2 пати неделно по 2 часа

  • Предавач

    Дипломиран психолог за деца

  • Возраст

    Деца од 8 до 15 години и средношколци

  • Одржување

    Пелагонка 2, Битола

  • Цена

    3.000 ден. месечно или 9.600 ден. за 4 месеци

Информации за школата

Дали сакате вашето дете да биде посамоуверено, полесно да комуницира, да создава пријателства и успешно да се справува со секојдневните предизвици? Школата за емоции и супер вештини е едукативна програма наменета за деца и млади, преку која на интерактивен, практичен и прилагоден начин ќе ги развиваат своите емоционални, социјални и комуникациски способности.

Во време кога дигиталните уреди сè повеќе го привлекуваат вниманието на децата, а непосредната комуникација и социјализацијата стануваат вистински предизвик, создаваме простор во кој децата ќе учат подобро да се запознаат себеси, да ги препознаваат своите емоции, да ги изразуваат своите мисли и да градат здрави односи со другите.

Што ќе се изучува и развива во рамки на програмата?

Програмата е осмислена преку тематски целини кои ги опфаќаат најважните вештини за личниот, емоционалниот и социјалниот развој на децата.

  • Препознавање и именување на сопствените емоции.
  • Разбирање на чувствата и реакциите во различни ситуации.
  • Развивање емпатија и разбирање на туѓите чувства.
  • Препознавање и соодветно изразување на емоциите.
  • Развивање вештини за справување со стрес, лутина и разочарување.
  • Препознавање на сопствените квалитети, способности и потенцијали.
  • Развивање позитивна слика за себе.
  • Надминување на стравот од грешки и неуспех.
  • Слободно изразување мислење и лични ставови.
  • Развивање самостојност и донесување одлуки.
  • Полесно запознавање и воспоставување нови пријателства.
  • Развивање тимска работа и соработка.
  • Почитување на различностите и туѓото мислење.
  • Поставување лични граници и развивање асертивност.
  • Препознавање и разрешување конфликти на конструктивен начин.
  • Јасно и самоуверено изразување на мислите.
  • Развивање вербална и невербална комуникација.
  • Активно слушање и водење разговор.
  • Јавно говорење и презентациски вештини.
  • Изразување ставови пред група без страв и несигурност.
  • Разбирање на влијанието на мобилните телефони и дигиталните уреди врз секојдневието.
  • Препознавање на несоодветни навики поврзани со прекумерната употреба на телефони.
  • Развивање самоконтрола и поставување граници при користење технологија.
  • Балансирање на времето помеѓу дигиталните активности, учењето, дружењето и физичките активности.
  • Поттикнување интерес за активности надвор од дигиталниот свет.

Како ќе се одвива наставата?

Наставата ќе се реализира преку интерактивни работилници, едукативни игри, практични вежби, дискусии, симулации на реални ситуации и тимски активности. Децата нема само да слушаат и да учат теорија, туку активно ќе учествуваат, ќе споделуваат мислења, ќе решаваат ситуации и ќе ги применуваат стекнатите знаења во секојдневната комуникација.

Работата во мали групи од 4 до 5 учесници овозможува поголема индивидуална вклученост, внимание и активно учество на секое дете. Програмата ја реализира дипломиран психолог, со активности прилагодени на возраста и развојните потреби на учесниците.

Индивидуална програма

Покрај групната настава, достапна е и можност за индивидуална работа со децата, со содржини и активности прилагодени на нивните потреби, интереси и индивидуално темпо на учење.

Еден на еден со предавач – психолог за деца

  • Една средба неделно.
  • Времетраење на средбата: 90 минути.
  • Индивидуално прилагодени активности и вежби

Цена: 1.500 ден. за средба (90 минути)

Што ќе добие вашето дете од програмата?

По завршувањето на првото ниво, децата ќе имаат можност да ги унапредат своите способности за препознавање и изразување емоции, да комуницираат појасно и посамоуверено, полесно да воспоставуваат социјални контакти и да развиваат поздрави навики во секојдневието.

Програмата поттикнува:

  • Поголема самодоверба и сигурност во себе.
  • Подобра комуникација и изразување.
  • Развиени социјални и тимски вештини.
  • Подобро разбирање и регулирање на емоциите.
  • Поголема самостојност и одговорност.
  • Поздрав однос кон технологијата и слободното време.

 

Инвестирајте во вештините што ќе му бидат потребни на вашето дете во текот на целиот живот!

Школата за емоции и супер вештини е можност децата да растат во самоуверени, комуникативни, емпатични и самостојни личности, подготвени да ги градат своите односи и да се справуваат со предизвиците на современото општество.

Пријавете го вашето дете!

Запишете се денес и направете го првиот чекор кон иднината исполнета со креативност и иновации во програмирањето!

Учесниците на Академијата имаат ексклузивен пристап до заедницата на предавачи и учесници, каде што сите заедно ќе разменувате знаења и информации и секогаш ќе бидете во тек со новостите од областа што сте ги научиле

Scroll to Top